Нашата пчеларска задруга располага со најсовремени машини и технологии неопходни за нашата секојдневна работа. Вршиме категоризација на медот, а потоа и полнење на истиот во тегли предвидени за тоа. Категоризацијата на медот ги опфаќа следниве типови на мед: Цветен, багремов, Шумски и костенов мед. Исто така во нашиот асортиман на мед имаме вклучено и кристализиран мед како природен продукт. Поседуваме голема комора со која што се врши декристализација на медот кој што е во кристализирана состојба.
Имаме соработка со пчелни заедници и поедични пчелари од каде што вршиме откуп на природен мед, но со стандарди со кои ние како пчераска задруга работиме. Стандардите според кој работиме како компанија се клучни за квалитетот на нашите продукти.