3 сегментиза добивање на квалитетен мед
-
1
совршени места за пчелните друштва
основен и најзначаен сегмент претставува местоположбата погодна за чување на пчелните друштва. Секогаш пчелните друштва треба да бидат оддалечени повеќе од 4 км од места каде што имаме сообраќај од моторни возила или секакви места кој претставуваат некаков извор на било какво загадување.
-
2
природна прихрана на пчелните друштва
како втор сегмент кој е доста битен е начинот на прихраната на пчелните друштва. Тоа значи дека секогаш пчелните друштва треба да бидат прихранувани само со природни ( органски ) добиени препарати, кој во својот состав не смее да содржат било какви аналгетици или хемикалии кој би можело штетно да влијаат како за пчелата, така и за квалитетот на медот како краен продукт.
-
3
селектирање на медот
каков трет битен сегмент претставува првилното селектирање на рамките од кои треба да се извади медот. Тоа значи дека треба да се одбираат оние рамки на кои нема оплодување на матицата.